Разрешување на Васко Белески и Роберт Милески

Соопштение

Во состав на основачите на Македонскиот Национален Совет на ден 17.04.2019 година во Берлин се одржа вонреден состанок на кои се разгледаа и дебатираа случувањата по вториот работен состанок од Базел на 6-7 април 2019 година.

На дневниот ред од овој состанок се даде до знаење за една основна точка која е од есенцијално значење за самото постоење на МНС, а тоа се демократските вредности и принципи на самата организација.

Имено со апсолутно мнозинство, основачите на Македонскиот Национален Совет, изгласаа разрешување од сите функции и надлежни органи на г-динот Васко Белески и г-динот Роберт Милески, поради грубо кршење на правилата на МНС, узурпирање, користење на организацијата за свои лични цели и интереси, како и недостаток на демократски вредности.

Ние, основачите на МНС, им дадовме можност да постапат во духот на демократијата и националното единство, да помогнат за подобро организирање и обединување на Македонците во Европа. Се констатира дека г-динот Белески и г-динот Милески работеа против донесените одлуки и заклучоци, кои го нарушуваа колективот.

Откако на состанокот се укажаа јасни аргументи со што основачите на МНС се уверија за нивните зли намери кон МНС, Македонија и македонскиот народ, решивме да бидат отстранети од сите функции и тела на организацијата.

Основачи на МНС: Роберт Кленкоски, Оливер Тасески, Слаѓана Гаражова, Игор Механджијски

Берлин, 17.04.2019