Подршка за фамилиите на Македонските Патриоти

Македонскиот Национален Совет,  на ден 18.04.2019 година, во Берлин, односно на вториот ден од вонредниот состанок донесе едногласна одлука да помогне на загрозените семејства на Нашите уставобранители кои поради одбрана на македонското име и македонскиот Устав добија енормно високи затворски казни.

Поради тоа ние како македонци кои секогаш застануваат зад бранителите на Македонија и македонскиот Устав така и овој пат, стоиме цврсто зад нив.

Апелираме до сите македонци низ целиот свет кои се во можност финансиски да се придружат во оваа хуманитарна акција и заедно сите сплотено да им помогнеме на загрозените семејства на нашите уставобранители.

Затоа ја подржуваме целосно кампањата која започна на 14. Април 2019 година преку следната иницијатива:

Подршка за фамилиите на Македонските Патриоти

Берлин, 18.04.2019