Основачкото собрание на ,,Zentralrat der Makedonier’’

Почитувани браќа и сестри Македонци

Ни претставува посебна чест да го најавиме првото а воедно и основачкото собрание на ,,Zentralrat der Makedonier’’ во Берлин, СР. Германија кое во организација на МНС и Иницијативниот Одбор на „Централниот Совет на Македонците во Германија” ќе се одржи на ден четврток 03.10.2019 година во 12:00 часот во просториите на:

Bürgertreffpunkt Bahnhof Lichterfelde West – Hans-Sachs-Str. 4D, 12205 Berlin, S-Bahnhof Berlin-Lichterfelde West.

Дневен ред:

  • Предлог Статут
  • Гласање на Статутот
  • Предлози за Управен одбор и надзор
  • Гласање на Управен одбор и надзор

Ние од МНС застанавме на чело како дел од иницијативниот одбор за формирање на Zentralrat der Makedonier, кој има за цел конечно обединување и организирано делување на Македонската заедница во Германија.

Дозволете ни да ве поканиме да присуствувате на основачкото собрание а и да станете дел од нашето Обединето Македонско семејство тука во СР. Германија.
На работниот состанок кој ќе бидете запознаени кои се целите и визијата на “Централниот Совет на Македонци во Германија” – ‘’Zentralrat der Makedonier in Deutschland’’ како и насоките во кои треба да делуваме тука во Германија.
Ние нема да бидеме осамени и разединети во овие тешки денови за Македонија и Македонците, нема да дозволиме други да ни ја кројат судбината по нивните навики и мислења, го основаме овој совет за да го преземеме бајракот на слободарската демократија во Германија и како заедница да застанеме цврсти во нашите цели за делување тука.

Нашата цел и визија е да работиме во интерес на сите Македонски граѓани кои живеат и работат во Германија но пред се нашиот сон и нашата основна цел ќе биде Македонија и сето она кое ние Македонците во Германија може да направиме за нашата заедничка мајка Македонија!

Македонски Национален Совет и Иницијативен Одбор на “Централен Совет на Македонците во Германија” Zentralrat der Makedonier in Deutschland